WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност
Проектот WE MAKE кој е предводен од GTF – Иницијативата за одржлив раст од Република Хрватска, во партнерство со Здружението на бизнис жени од Република Македонија, има времетраење од 16 месеци, а започна во Декември 2017. Активностите на WE MAKE се разновидни и се насочени кон подобрување на конкурентноста на македонската економија преку охрабрување на женското претприемништвото, извозот и иновациите, вклучувајќи го ИКТ и СТЕМ секторот, зелената економија, како и социјалното претприемништво. Проектот ќе биде наменет за младите девојки и жени, потенцијалните и постојните претприемачи, како и заинтересирани страни од државните институции и граѓанското општество, во избраните општини од осумте плански региони , каде WE MAKE ќе биде имплементиран: Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје . За време на овој проект активно ќе бидат споделени најдобрите практики од Хрватска и ЕУ.
ГЛАВНА ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ
Општата цел на проектот е да се придонесе кон зголемување на конкурентноста на економијата на Република Македонија преку поддршка на различен екосистем за претприемништво, вклучувајќи жени и граѓанско општество.
ЦЕЛНИ ГРУПИ
- потенцијални жени-претприемачи
- воспоставени жени во МСП / занаети
- млади, средношколци
- потенцијални старт – ап жени претприемачки
- NECC / Мин. за економија / платформа
- Најмалку 15 нови бизниси на жени
- Граѓанско општество
СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ:
- Да се поттикнат и да се поддржат актуелните и потенцијалните жени претприемачи преку зголемување на нивната употреба на технологија, иновации, вмрежување и извоз.
- Да се изгради капацитет на Националната асоцијација за женско претприемништво (ЖП) и Платформите за зајакнување на екосистемот за претприемништво во Македонија и свеста и имплементација на Нацрт Националната Стратегија за развој на ЖП 2017-2020.
Работни пакети
НИЕ ПРАВИМЕ – СТАРТ
овој работен пакет ќе ги поттикне и поддржува жените претприемачи и потенцијалните жени претприемачи.
Целна група – потенцијални жени-претприемачи, воспоставени жени во МСП / занаети,
Најмалку 15 нови бизниси на жени
Временски период : април – јули, но и со некои активности во текот на целиот проект
НИЕ ПРАВИМЕ – КОД И ИНОВАЦИЈА– Да ги поттикнуваме и поддржуваме актуелните и потенцијалните жени претприемачи преку зголемување на нивната употреба на технологија, иновации, вмрежување и извоз
Целна група –500 млади, средношколци
Временски период : јули до октомври, но и со некои активности во текот на целиот проект
НИЕ ПРАВИМЕ РАСТ: ИЗВОЗ И КЛАСТЕРИ – поттикнува развој на нов кластер за ЖП во Македонија врз основа на најдобрите практики од Хрватскиот кластер за ЖП, кои ќе бидат менторирани и поддржани во текот на целиот проект, вклучувајќи ги состаноците со вредносен синџири и презентации во јавност.
Целна група – Локална самоуправа, организации што делуваат областа на претприемништви и претприемачки
Временски период: Октомври и ноември, но и со некои активности во текот на целиот проект
НИЕ ПРАВИМЕ – МРЕЖА – Да градиме капацитет на Националната ЖП асоцијација и Платформа за зајакнување на екосистемот за претприемништво во Македонија и свест за и имплементација на Нацрт Националната Стратегија за развој на ЖП 2017-2020.
Временски период: Од ноември до април 2019, но и со некои активности во текот на целиот проект