WE MAKE: ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА КОНКУРЕНТНОСТ

Адвокатска канцеларија ЧАКАРОВСКА – за студиската посета во Хрватска

Адвокатска канцеларија ЧАКАРОВСКА – за студиската посета во Хрватска

 Од страна на здружението на бизнис жени, во рамките на проектот “We make” во месец август 2018 беше организирана посета на Хрватска.Јас како основач на адвокатска канцеларија Чакаровска од Скопје бев дев од групата која ја посети Хрватска.Во рамките на петдневниот престој во Хрватска посетивме повеќе здруженија на бизнис жени,кластерот на бизнис жени-КРУГ, а бевме примени и од неколку стопански комори на Хрватска како и од градоначалниците на градовите кои ги посетивме.

Посетата на Хрватска ни даде можност да се сретнеме со многу жени претприемачи кои успеале во своите бизниси и кои имаат успешни бизнис приказни.Особено впечатлива беше упорноста и посветеноста на жените да создадат успешни бизниси, а при тоа да не го запостават семејството и домашните обврски.Тие грижливо ја чуваат и негуваат традиционалната улога на жената во семејството иако станале успешни во бизнисот или изградиле кариера.Повеќето од нив  професионално се занимаваат со зачувување на културните вредности на Хрватска.Исто така успеале од повеќе традиционални производи или настани да направат брендови, а повеќето од нив да ги заштитат и како трговска марка.На овој начин организирано и систематски се грижат за зачувување на културата,обичаите и традицијата на Хрватска, а истата и да ја шират интернационално.

Она што за мене остави најимпресивен впечаток беше тоа што жените во бизнисот апсолутно соработуваат меѓу себе и се поддржуваат.Корпоративната култура на компаниите во овој сегмент од работењето е на многу високо ниво.Главната улога и на кластерите кои ги посетивме беше да ги потикнат компаниите да соработуваат меѓу себе за да може да одговорат на потребите на странскиот пазар.Кластерот на бизнис жени круг веќе има реализирано повеќе извозни активности во кои биле заеднички вклучени повеќе компании од Хрватска.

Ова знаење и искуство може да го примениме во реализација на активностите на кластерот на бизнис жени на Македонија,кој се планира да се основа во текот на месец Март,2019 година.

Проектот е имплементиран од:
Оваа платформа e изработена со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржините се одговорност единствено на проектните имплементатори GTF-ISG и Здружението на бизнис жени и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската Унија.
Designed & Developed by ThemeXpert