WE MAKE: ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА КОНКУРЕНТНОСТ

Весна Апостолоска – занаетчиската работилница Мали Нешта

Весна Апостолоска – занаетчиската работилница Мали Нешта

На почеток накратко да ни се претставите

Весна Апостолоска, од Скопје, по неуспешниот обид да студирам и да бидам правник,  креативниот порив ме однесе во сосема друга насока. Во приватниот бизнис сум преку 30 години, прво во трговија, а последните десетина години во занаетчиската работилница Мали Нешта.

Претставете ја накратко компанијата со која раководите?

Приказната на Мали Нешта ја почнав 2006 г. Од едно патување донесов дрвени предмети за кои сите ме прашуваа од каде се, и добив идеја сама да пробам да изработам барем нешто слично. Идејата ми успеа и сега во мојата креативна работилница изработувам детали претежно за детски соби, но и за други простори. Закачалки, часовници, огледала, разни држачи и други практични и декоративни предмети се присутни во многу домови низ Македонија, и се почесто и надвор од неа.

Каде се гледате себеси за 10 години?

Себеси се гледам  во Скопје и на различни дестинации по светот,  во глобален достапен пазар на идеи и производи.

Како ја гледате вашата компанија во наредните 10 години?

Како препознатлив бренд, присутен на светскиот пазар.

На кој начин го замислувате развојот на Вашата компанија?

Преку напредокот на технологијата, развојот на комуникациите, олеснетиот транспорт и достапноста секаде. Тоа подразбира во меѓувреме посветена работа, стекнати нови сознанија преку обуки и постојано присуство на презентации и саеми.

Дали Вашата компанија е конкурентна на пазарот? Дали превземате чекори за развој на Вашата компанија како конкурентна компанија?

За жал на домашниот пазар скоро и да не постои конкуренција, а би сакала да има и таква мотивација.  Што се однесува до сличните производители надвор од Македонија за кои имам информации преку разни веб продавници и по квалитет, а посебно со цените сум посебно конкурентна. Тоа се должи на искуството, редовно осовременување на производниот процес и постојано новиот дизајнерски пристап.

Дали женското претприемништво претставува за вас можност? И на кој начин?

Претприемништвото за мене е начин на живот кој ми пружи безброј прилики и начини  да се реализирам. Вреднувањето на мојот труд и финансиската независнот е најголемата придобивка од таа можност.

Според вас, дали постојат доволно можности за развој на бизнисите? И каде ја гледате вашата можност?

Можности во денешниот глобализиран свет постојат безброј, но потребна е лична храброст и иницијатива. Можноста конкретно за мојата работа ја гледам во целосна  законска олеснетост и достапност на пазарите надвор од нашите граници.

Дали сте членка на некое здружение за јакнење на капацитетите за развој на женско претприемништво?

Да, долгогодишна активна членка сум на Аssocciation of Business Woman – Macedonia, која во секое време е целосна поддршка за сите членки.

Дали ги користите бенефитите од вмрежување?

Да, секогаш кога сум во можност.

Освен во бизнисот, кои се Вашите други јаки страни и таленти?

Организаторските способности, комуникативноста, отвореноста за нови предизвици и доволно долго искуство.

Кои се најголемите адути за развој на претприемништво во РМ и што би направиле Вие доколку сте на чело на истата?

Најголем адут е неискористениот работен потенцијал, кој за жал не е доволно мотивиран. Промена на климата во насока на поттикнување преку обуки, грантови и достапни кредити, пристап до новите технологии, помала оптеретеност со даноци, поддршка од сите институции…

Ваша дефиниција на поимот менаџер?

Во наши услови, сите менаџери се жонглери кои во исто време се справуваат со повеќе , често проблематични ситуации. Но ако не се гледаат препреките, туку можностите, со посветеност, добра организација  и визија, се е остварливо.

Проектот е имплементиран од:
Оваа платформа e изработена со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржините се одговорност единствено на проектните имплементатори GTF-ISG и Здружението на бизнис жени и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската Унија.
Designed & Developed by ThemeXpert