WE MAKE: ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА КОНКУРЕНТНОСТ

Жена претприемач: Гордана Митровска Беба

Жена претприемач: Гордана Митровска Беба

ПАТОТ НА УСПЕХОТ

Мудраците велат дека секое патување внесува мала промена во нашите животи.

Така и моето патување од 26 до 31 Август 2018год ,на студиска посета на Хрватска со десете млади деловни претприемачки од Македонија, за мене претставуваше и предизвик но и лична надградба и усовршување.Да им го раскажам патот по кој чекорив за да станам успешна жена кој не беше лесен и краток но да ги чујам и нивните бариери за балансот меѓу работата и семејството.

Со моите години догодина ќе полнам 70,и околу 50 години активна работа,бидејќи сеуште работам би сакала во една реченица да напишам дека станав успешна претприемачка кога почнав на малите борци да им ги оставам малите битки.Оној ден кога отстапив од малите битки почнав да го градам патот кон својот успех.Некои битки не се вредни да си го трошите вашето време и трудот.Борете се за своите :соништа,за свој животен пат,за своите очекувања,за свои идеи.

Изберете мадро за што ќе се борите и уживајте во таа борба.

Успехот ќе биде Ваш и Вие ќе бидете задоволни.

Остварив голем број од моите соништа,оставив  голема трага кај младите на што сум горда.

Во душата сум многу спокојна,мирна и задоволна.

Се оди по својот тек.Здравјето е најважно,а среќа е што јас и Мирко сме исполнети,затоа што да не бевме тешко би можеле да

функционираме.

Од патувањето во Хрватска морам да истакнам дека најкорисно за мене е  соработка со Здружение Гачанка од Оточац и г-ѓа Драгица Рогиќ .

Патувањето имаше постигнато својата цел,лични средби со жени претприемачки од Хрватска.

Ми преставува особена чест и горда сум што за кусо време сретнав голем број жени  кои ја почитуваат традицијата,фолклорот,старите занаети,обичаи и слични културни вредности,и воспоставивме тесна соработка за организирање на заеднички манифестации од областа на културата,поттикнување разновидни специфични форми на творештво и одбележување настани од значење за двете држави.

 

Голема благодарност до Г-ѓа Мери Ен Ципетиќ и Ана,кои допринесоа со својот професионализам,искуство и љубов кон работата нашето патување да биде уште една нова научена лекција.

И за крај САКАЈ ТЕ ГО ТОА ШТО ГО РАБОТИТЕ.

Митровска Гордана Беба

 Скопје,01.10.2018 год

Проектот е имплементиран од:
Оваа платформа e изработена со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржините се одговорност единствено на проектните имплементатори GTF-ISG и Здружението на бизнис жени и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската Унија.
Designed & Developed by ThemeXpert