WE MAKE: ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА КОНКУРЕНТНОСТ

Жена претприемач – Пенка Муакетова, Консалтинг Интер Груп

Жена претприемач – Пенка Муакетова, Консалтинг Интер Груп

Студиската посета и B2B средбите во Република Хрватска за мене како претприемачка и генерален менаџер на Консталинт Интер Груп, консултантска компанија која години наназад го промовира и поддржува женското претприемнмништво беше од голема важност.

Раземената на искуства со тамошните жени претприемачки, Хрватската стопанска комора, високи преставници од локалната власт , Хрватските кластери и локалните бизнис центри, уште еднаш го потврдија моето убедување од долгогодишното мое искуство дека само здружени и преку искористување на средствата како од домашните така и од странските фондови може да допринесе до поголем раст и развој на самите компании.

Подобрување на деловниот еко систем може да има само преку имплементација на националната асоцијација за женско претприемништво.Формирањето на првиот национален кластер кај нас за женско прептриемништо е повеќе од потребен.

Преку постојана едукација, вмрежување и развој на менторски процеси ќе  допринесеме да може и жената од рурална средина да стане успешна претприемачка, со усовршување и стекнување на потребни вештини.

Она што ми остави најоголем впечаток  беше дека жените претприемачки таму, покрај тоа што ги јакнат и развиваат сопствените бизниси кои им се примарни, работат и дополнителни дејности кои преку негување на традиционалните вредности добро ги инкорпорирале за развој на туризмот во својата земја.

Наша задача ќе биде да можеме да ги научиме нашите жени дури  и од своето хоби доколку го преточат во бизнис идеја и добро ја разработат, ќе можат добро да заработат.

Убедена сум дека како асоцијација цврсто газиме напред. Секој членка давајќи сопствен  придонес може многу да допринесе кон подигнување на колективната свест на повисоко ниво за да можеме да испишеме што е можно повеќе успешни приказни и станеме дел од големото семејство.

Набиената агенда, квалитетната програма и позитивната енергија беа дел од одличната организација, која долго ќе се памети и прераскажува.Благодарност до огранизаторот за укажаната доверба и сметам  дека како делегација добро ја преставивме  ацосијацијата како и  бизнис климата во Република Македонија.

Пенка Мукаетова, Консалтинг Интер Груп.

Проектот е имплементиран од:
Оваа платформа e изработена со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржините се одговорност единствено на проектните имплементатори GTF-ISG и Здружението на бизнис жени и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската Унија.
Designed & Developed by ThemeXpert