WE MAKE: ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА КОНКУРЕНТНОСТ

Интервју со Благородна Донева – преку уметност до уникатни сувенири со фолклорни мотиви

Интервју со Благородна Донева – преку уметност до уникатни сувенири со фолклорни мотиви

На почеток накратко да ни се преставите

Јас сум Благородна Донева родена во Велес,  ќерка на академскиот сликар Ангел Петров од кого го наследив талентот за уметност и креативност. Имам завршено средно училиште во гимназијата Koчо Рацин – Велес.

Преставете ја накратко компанијата во која раководите?

Со дизајнирање и цртање се занимавам од најмлада возраст. Мојот салон коj се наоѓа во центарот на Велес како зaнаетчиски дуќан регистриран е и постои повеќе од десет години. Во него изработувам повеќе од сто уникатни сувенири со фолклорни мотиви, како и комплетни стилизирани македонски носии.

Во салонот за изработка на сувенири и носии “НОНЕ ЕТНО АРТ – СУВЕНИРИ” од Велес кој постои од 2007 година,  јас сум основач и самовработена,. Преку компанијата ги презентирам сувенирите во салонот но и преку учество на организирани изложби во државата и надвор од неа.

Како ја гледате вашата компанија во наредните 10 години?

Во наредните 10 години имам доста идеи кои сакам да ги реализирам и спроведам. Планирам проширувањe нa мојот бизнис преку отварање на уште еден до два салона и вработување на талентирани жени и љубители на македонскиот фолклор и традиција.

На кој начин го замислувате развојот на Вашата компанија?

Развојот и проширувањето на мојата компанија го замислувам преку подршка на инстутуциите од областа за зачувивање на фолклорот и традицијата .

Дали Вашата компанија е конкуретна на пазарот? Дали превземате чекори за развој на Вашата компанија како конкурентна компанија?

Mojата компанија е конкурентна и ретка од оваа област, тоа доаѓа со потребата и неопходнота на пазарот како за индивидуалните потреби од домашните и странските посетители така и за потребите на големите фирми при нивно преставување како на домашниот така и на странскиот пазар, бидејќи фолклорот и традицијата ги прави препознатливи од каде доаѓаат.

Во кој дел од современите начини на дејствувањена компанијата и вие сте вклучени

Сувенирница – Ноне Етно Арт финкционира самостојно со самофинансирање.

Дали Женското претприемништво преставува за вас можност? И на кој начин?

Женското претприемништво секако дека преставува можност преку подршка низ вклучување на  разни проекти.

Според вас, дали постојат доволно можности за развој на бизнисите? Каде ја гледате вашата можност?

Недоволни се можностите за развој на бизнисите. Потребна е поголема подршка од институциите преку проекти и грантови, само така  ќе има развој , напредок и поголема презентација на нашиот фолклор и традиција .

Дали сте членка на некое здржение за јакнење на капацитетите за развој на женско претприемништво ?

Да од 1996  година сум редовна членка на Организација на Жени од Велес со кои солидно соработувам и преку неа на два наврата бев подпомогната од два гранта за основање и унапредување и подршка на мојот бизнис односно фолклорот и традицијата, со која подршка многу се унапреди мојата работа за да можам успешно да опстојувам и  се развивам

Дали ги користите бенефитите од вмрежување?

Да секако

Освен во бизнисот, кои се Вашите други јаки страни и таленти ? 

Наследениот талент за уметност, креирање, цртање, ми овозможува моите производи со организирање на изложби ја презентирам Македонската култура  занает фолклор и традиција.

Кои се најголемите адути за развој на претприемништво во Р.М и што би направиле Вие доколку сте на чело на истата ?

Негувањето на фолклорот и традицијата, преку занаетчиството како и неговата финансова подршка се најголемите адути за развој на претприемништвото во Р.М

Ваша дефииниција на поимот менаџер

Tалент, коректност, добро пзнавање на струката која ја работите и точност.

 

 

 

Проектот е имплементиран од:
Оваа платформа e изработена со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржините се одговорност единствено на проектните имплементатори GTF-ISG и Здружението на бизнис жени и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската Унија.
Designed & Developed by ThemeXpert