WE MAKE: ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА КОНКУРЕНТНОСТ

Интервју со Оља Наковска, претприемачка од Куманово

Интервју со Оља Наковска, претприемачка од Куманово

На почеток накратко да ни се претставите

Оља Наковска, родена во Куманово, сопственик и менаџер на  Номи Балони

Претставете ја накратко компанијата со која раководите?

Номи Балони е фирма која постои 5 години и се занимава со декорација и печатење на балони

Каде се гледате себеси за 10 години?

За 10 години се гледам себеси нормално во својата компанија, но како поискусен менаџер со поразвиени техники.

Како ја гледате вашата компанија во наредните 10 години?

За 10 години ја гледам својата компанија на повисоко ниво со повеќе вработени

На кој начин го замислувате развојот на Вашата компанија?

Усовршување на нашите техники, учење на нов вештини на нашите вработени, обука и посетување семинари.

Дали Вашата компанија е конкурентна на пазарот? Дали превземате чекори за развој на Вашата компанија како конкурентна компанија?

Професионалноста и оригиналноста се двете нешта по што ја издвојуваат мојата компанија

Дали женското претприемништво претставува за вас можност? И на кој начин?

Секако дека претставува  можност за  промовирање и развивање

Според вас, дали постојат доволно можности за развој на бизнисите? И каде ја гледате вашата можност?

Доколку има јасна цел управителот на компанијата во која насока ја движи и во која насока сака да оди неговата компанија, тогаш можноста за развојот е голема .

Дали сте членка на некое здружение за јакнење на капацитетите за развој на женско претприемништво?

Не

Дали ги користите бенефитите од вмрежување?

Не

Освен во бизнисот, кои се Вашите други јаки страни и таленти?

Зборување на 3 странски јазици а воедно и предавање на германскиот  јазик

Кои се најголемите адути за развој на претприемништво во РМ и што би направиле Вие доколку сте на чело на истата?

Поволности и грантови кои ги нуди државата како подршка за остварување на сопствен бизнис.

Ваша дефиниција на поимот менаџер

Менаџерот мора да координира со времето и партите. А тоа подразбира пасивата да је претвора во актива , притоа не работејќи во бизнисот туку на бизнисот.

 

 

 

Проектот е имплементиран од:
Оваа платформа e изработена со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржините се одговорност единствено на проектните имплементатори GTF-ISG и Здружението на бизнис жени и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската Унија.
Designed & Developed by ThemeXpert