WE MAKE: ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА КОНКУРЕНТНОСТ

Повик за ангажирање на координатор на мобилен хелп деск

Повик за ангажирање на координатор на мобилен хелп деск

Скопје, 12.08.2019

Повик за ангажирање на координатор на мобилен хелп деск

Здружението на бизнис жени, за реализација на проектни активности, има потреба од 2 (две) лица предвидени за позицијата:

Координатор на мобилен хелп деск за Полошки регион и за Североисточен регион

Потребни квалификации:

  • Високо образование
  • Напреднни административни и организациски способности
  • Одлични вештини за комуникација, писмена и усна
  • Прецизност и јасност во комуникација, непосредна и преку телефон
  • Напредно користење на MS Word, Excel, Power Point
  • Способност да се справи со ситуации и да работи под притисок и зададени рокови
  • Способност за согледување на детали и приоритизирање
  • Интеркултурна чувствителност и коректност во односите со луѓето
  • Задолжително знаење во областа на женското претприемништвото и водењето на бизнис или работно искуство во истото
  • Претходно искуство во работење и имплементација на слични проектни активности ќе се смета за предност

Работни задачи:

  • Да обезбедува редовни информации на корисниците на мобилниот хелп деск за започнување и водење на бизнис (отворени можности и мерки, легислатива, документација и слични активности поврзани со започнување и водење на бизнис);
  • Да споделува информации за планирани обуки и советување на жените, како и за тековни активности во рамки на проектот (состаноци, конкурси, конференции и сл.);
  • Да достави извештај до координаторот на проектот на шест месеци.

Важни информации:

  • Работните активности ќе се одржуваат во Полошкиот регион и во Североисточниот регион
  • Работниот ангажман е предвиден со времетраење од 6 (шест) месеци
  • Краен рок за аплицирање е 20.08.2019 до 00 часот

Потребни документи за аплицирање:

  • Биографија (CV)
  • Мотивациско писмо

Како да аплицирате: Испратете ги потребните документи на contact@abw.mk

Напомена: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани и поканети на разговор.

 

Проектот е имплементиран од:
Оваа платформа e изработена со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржините се одговорност единствено на проектните имплементатори GTF-ISG и Здружението на бизнис жени и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската Унија.
Designed & Developed by ThemeXpert