WE MAKE: ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА КОНКУРЕНТНОСТ

Повик за ангажирање на обучувач за одржување на 2 работилници за претприемништво

Повик за ангажирање на обучувач за одржување  на 2 работилници за претприемништво

Повик за ангажирање на обучувач за одржување
на
2 работилници за претприемништво

за потребите на проектот

Поддршка, промоција и развој на женско претприемништво“,

финансиран од Министерство за економија

 Скопје, 08.01.2020

Инструкции за понудувачи

  1. ВОВЕД

Здружението на бизнис жени ЗБЖ со седиште на ул.Илинденска бр. 42/4, 1000 Скопје (Нарачател), кое го спроведува проектот ,,Поддршка, промоција и развој на женско претприемништво, за спроведување на проектните активности објавува Повик за ангажирање на обучувач за одржување на 2 работилници за претприемништво.

  1. ОПИС НА ПОТРЕБНИТЕ УСЛУГИ

Здружението на бизнис жени има потреба од ангажирање на 1 обучувач за одржување на работилници на тема Современи текови во бизнис моделирањето.

Целната група на обуките се девојки и жени претприемачки, од 2 плански региони (Североисточен и Полошки регион), односно во следните 2 града/локации – Куманово и Тетово.

Ангажманот на обучувачот за обуките е во времетраење од 2 дена (по 8 часа) за одржување на обуките, во 2 наведени локации.

Термините за работилниците ќе бидат:

Куманово – 06.02.2020

Тетово – 07.02.2020

Организацијата на обуките, вклучувајќи логистика, обезбедување учесници, промоција и др. е обврска на нарачателот.

Работните обврски на обучувачите ќе бидат:

  • Подготвување на работни материјали за обука според насоките на нарачателот, односно избраната едукативна програма за Современи текови во бизнис моделирањето со посебен осврт на претприемништво – можности и придобивки, зелена економија и циркуларна економија.
  • Одржување на 2 обуки, за најмалку 40 учеснички, од минимум 8 часа.
  1. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето кандидатите треба да достават:

  • Програма
  • Методологија
  • Биографија (CV)
  • Листа на референци
  • Цена на чинење на услугата (бруто сума со вклучен персонален данок)

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИ

Апликантите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • Високо образование;
  • Широко стручно познавање за темата;
  • Искуство со сличен ангажман / препораки.
  • 5. ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Апликантите треба да достават комплетна понуда со сите барани документи на е-маил contact@abw.mk  најдоцна до 14.01.2020 год., вторник, со назнака Апликација за обучувач за одржување на 2 работилници за претприемништво.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

6. ИНФОРМАЦИИ

Повеќе информации може да бидат побарани на 02 / 314 0703 или на е-маил  contact@abw.mk .

 

Проектот е имплементиран од:
Оваа платформа e изработена со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржините се одговорност единствено на проектните имплементатори GTF-ISG и Здружението на бизнис жени и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската Унија.
Designed & Developed by ThemeXpert