WE MAKE: ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА КОНКУРЕНТНОСТ

Станете дел од тимот на Здружението на бизнис жени!

Станете дел од тимот на Здружението на бизнис жени!

Aко имате доволно искуство и знаење и сакате да помогнете, 

вклучете се во активностите за унапредувањето на женското претприемништво

Здружението на бизнис жени, за реализација на проектни активности, има потреба од експерти и ментори кои со волонтерски ангажман ќе придонесат за јакнење и охрабрување на жените и девојките кон претприемништво.

За да се пријавите е потребно да имате:

  • Желба да помогнете и споделувате информации потребни за економското јакнење на жените
  • Искуство во водењето на бизнис или стручни познавања за истото
  • Тесно познавање на една или повеќе од потребните области – правна и законска регулатива за започнување и водење на сопствен бизнис, економски политики и мерки, функционирање на институциите и контакти, пристап до финансии и грантови шеми, иновациски политики, отворени можности, мерки и фондови, маркетинг и продажба, вмрежување и промоција, ланци на набавки и извоз, извозни политики и регулативи…
  • Прецизност и јасност во комуникација – пишана, непосредна и/или преку телефон
  • Способност за согледување на детали и приоритизирање
  • Познавања од областа на женското претприемништвото, специфики, предности и препреки
  • Претходно искуство или ангажман при слични проектни активности ќе се смета за предност

Придобивки за Вас:

  • Нови контакти и поврзување со Здружението на бизнис жени и членството
  • Можност да се биде општествено корисен и да се помогне
  • Стекната референца и препорака за идни стручни и менторски ангажмани
  • Отворена можност за идна соработка со Здруженито на бизнис жени

Доколку сте заинтересирани да се вклучите, краен рок за аплицирање е 30.12.2019.

Потребни документи:

  • Биографија (CV)
  • Мотивациско писмо

Како да се вклучите: Испратете ги потребните документи на contact@abw.mk

Напомена: Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг за избор, ќе бидат контактирани и поканети на разговор.

Проектот е имплементиран од:
Оваа платформа e изработена со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржините се одговорност единствено на проектните имплементатори GTF-ISG и Здружението на бизнис жени и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската Унија.
Designed & Developed by ThemeXpert